More

    Бред Пит има „црна листа“ на актери со кои никогаш повеќе нема да работи

    spot_img

    Бред Пит наводно има список на актери со кои никогаш повеќе нема да работи.

    Така барем тврди Арон Тејлор-Џонсон, кој со него глумеше во „Bullet Train“, последниот филм на Пит.

    Оскаровецот, кој во својата повеќедецениска кариера соработувал со голем број големи холивудски ѕвезди, очигледно чува белешки за актерите кои не ги сака, како и за оние кои му се драги.

    „Тој само сака да донесе светлина и радост во светот и да биде околу луѓето кои се тука за добро да се забавуваат. Работиш со многу актери и по некое време почнуваш да забележуваш: „Дефинитивно никогаш нема да работам повторно со таа личност.“ А Бред го има овој список: листа на добри и листа на лоши“, изјави за „Вариети“ Тејлор-Џонсон, кој го игра убиецот Танџерин во „Bullet Train“.

    За време на неговата славна кариера, Пит глумеше покрај некои од најдобрите и најпознатите актери во Холивуд. Иако не се знае кој се наоѓа на неговата листа на непожелни и пожелни соработници, некои од имињата на листата би можеле да бидат Кејт Бланшет, Лупита Нионго, Леонардо ди Каприо, Тилда Свинтон и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

    Една од ѕвездите која дефинитивно се наоѓа на неговата „добра“ листа е Сандра Булок. Бред направи камео во филмот на Сандра „Изгубениот град“, а таа ја игра Марија Буба во „Bullet Train“. А Бред се надева дека тој и неговата „стара пријателка“ во иднина повторно ќе соработуваат.

    „Сенди е стара пријателка. Таа е непоколеблива личност која можев да ја повикам за услуги во текот на годините, и го направив тоа многу пати и таа е секогаш таму. Таа беше одлична во моментот, таа беше одлична личност што ја имав околу ситуација како онаа која всушност беше некако интимна. Едноставно функционираше многу добро и таа го имаше својот филм, а јас морав да направам малку од нејзиниот. Мислам дека ќе продолжиме да го правиме истото“, изјави Пит неодамна за бразилскиот водител Хуго Глос.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img