Патник на летот од Келн за Ниш починал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ по принудно слетување откако му се слошило за време на летот, потврдија во средата лекарите од итната помош за белградските медиуми.
Пилотот пријавил итен случај и бил пуштен за итно слетување во вторникот вечерта во 22:24 часот.
„Реанимацијата веќе започна. Нашиот тим дојде, учествуваше во реанимација, но на крајот можеше да констатира само смрт“, изјави д-р Ивана Стефановиќ од Итната помош на РТС.