More

    Вучиќ: Нема да потпишам ништо во Охрид, ги знаеме нашите црвени линии

    spot_img

    Во пресрет на патувањето во Охрид, Вучиќ вчера посети повеќе места во Сремскиот округ, како дел од кампањата за формирање на натпартиското Народно движење за државата. Тој во Сремска Митровица рече дека „ништо нема да потпише“ во Охрид, но дека „ќе разговара за нормализација на односите, особено затоа што многумина сакаат да го скршат столбот на слободна, слободарска и независна Србија“.Вучиќ синоќа повтори дека Белград „во секое време ги знае своите црвени линии“, што значи дека Србија не е подготвена да ја признае независноста на Косово или да се согласи со влезот на Косово во Обединетите нации (ОН). Меѓутоа, во точката четири од договорот, за кој Вучиќ усно се согласи на 27 февруари, се предвидува Србија да не се противи на влезот на Косово во ниту една меѓународна организација, вклучително и во ОН.Претседателот на Србија изјави и дека позицијата на Белград во Охрид дополнително ќе се искомплицира поради вчерашната наредба на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, кој е осомничен за воени злосторства во Украина. Вучиќ додаде дека Западот сака да изврши дополнителен притисок „на сите оние кои не се најсилни против Путин“.

    Додека Вучиќ беше во обиколка на областа Срем, неколку илјади луѓе демонстрираа во Белград против прифаќањето на Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, познат и како француско-германски план.

    Сурои: Ќе биде тешко
    Публицистот Ветон Сурои оцени дека преговорите меѓу Косово и Србија имаат за цел да се најде начин да се стави крај на конфликтот, но дека тоа ќе биде тешко да се постигне.

    -„Контекстуални информации за војната/преговорите: повеќе цивили (10.000 од нив 1.000 деца) се убиени во Косово отколку во Украина за една година војна. Разговорите меѓу Косово и Србија во Охрид се за изнаоѓање начин да се стави крај на конфликтот. 24 години подоцна.Тешко“, напиша Сурои на Твитер.Сурои е дел од советодавниот тим на вицепремиерот и шеф на косовската делегација во преговорите со Србија, Бесник Бисљими, кој е поддржан од странските амбасади и има за цел да предложи решение за постигнување договор за нормализација на односите со Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img