More

    Вучиќ дома го претстави анексот од Охрид

    spot_img

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста денеска во зградата на Претседателството во Белград по вчерашната рунда преговори со Косово во Охрид порача дека е важно Србија повеќе да не зависи само од добрата волја на Приштина, што е позитивен потег во преговорите, „но и од тоа колку сме подготвени да направиме одредени работи“.

    По читањето на целиот анекс на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, тој рече дека не го потпишал ниту договорот ниту анексот „пред сè затоа што Србија е меѓународно правно признаена држава, за мене Косово не е тоа и не сакам да склучувам меѓународно правни договори со Република Косово “.

    Вучиќ рече дека не го потпишал ниту договорот ниту анексот „пред сè затоа што Србија е меѓународно правно признаена држава, за мене Косово не е тоа, и не сакам да склучувам меѓународно правни договори со Република Косово “.

    – Секогаш кажував дека го прифаќаме концептот, ќе работиме на имплементација, спремни сме да направиме многу повеќе отколку некој од Приштина кој е подготвен да потпише… А подготвен е да потпише затоа што од таму ќе произлезе формално-правната обврска за Србија, да се согласи со независноста на Косово. За тоа водиме сметка. Кога ќе слушнат дека повторувам некои работи, нека знаат дека не го правам истото бидејќи не знам што правам, туку напротив, баш знам што правам – рече Вучиќ.

    Тој посочи дека неговите изјави се значајни за државата и затоа недвосмислено зборува за црвените линии за Србија, кои се противење на признавањето на Косово и неговиот прием во ОН.

    – Токму затоа не го потпишавме како што ЕУ го нарече договор или анекс – рече тој.

    Тој посочи дека Србија е подготвена да работи на имплементацијата до своите црвени линии.

    Претседателот на Албанија Бајрам Бегај го поздрави постигнувањето на јавниот договор меѓу Косово и Србија и посветеноста за спроведување на основниот договор и соодветниот анекс. Според Бегај, овој договор е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот во Европската Унија.

    Шефот на Албанската Влада Еди Рама вчерашниот договор го нарече историско достигнување. Тој исто така напиша дека се надева дека „ѓаволот не се крие во деталите“.

    Приштинскиот весник „Коха Диторе“ на насловната страна објави карикатура која ја опишува вчерашната средба меѓу Курти и Вучиќ во Охрид, со посредство на Европската Унија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img