More

    ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството мора да отвори истрага за онкологија- зошто молчи два месеца, дали штити некого?!

    spot_img

    Повеќе од два месеца Јавното обвинителство молчи и не отвора истрага зошто пациентите не ја добивале соодветната терапија, зошто не работел КАТО-системот на клиниката за Онкологија и кој сè заработувал на грбот на болните граѓани од канцер – оцени ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    Низа информации кои излегоа од граѓани кои биле директно засегнати, информации од медиумите дека се набавувала терапија од омилената веледрогерија, без протоколи и евиденција, информации дека терапијата за болните од канцер завршувала ма црниот шазар, како и не користење на КАТО-системот само укажуваат дека случајот Диво месо бил планиран и свесно разработена машинерија за богатење и тоа на грбот на најболните.

    Дури и вонредната финансиска контрола на клиниката за Онкологија потврдува дека има низа на прекршување на процедурите. И наместо веднаш Јавното обвинителство да покрене истрага, повеќе од два месеца молчи и не открива што точно се случувало на Онкологија.

    Со ваквиот однос од страна на ЈО се поочигледно е дека сакаат да се прикријат вистинските виновници и се фрла дамка и на оние здравствени работници кои професионално си ја вршат својата работа.

    Случајот Диво месо е реалната слика како функционира македонското здравство во владеењето на СДС и ДУИ. Власта на СДС и ДУИ и за овој скандал е најодговорно и најповикана, бидејќи повеќе од 6 години управува со здравствените институции.

    Случајот Диво месо мора да има правна разрешница, кој и зошто се богател на болеста на болните од канцер? Го повикуваме уште еднаш ЈО да не останува немо и да не бега, туку веднаш да постапи и секој што бил инволвиран во канцер-мафијата да биде изнесен пред лицето на правдата. Мора да се стави крај на канцер-мафијата. Мора секој што се огрешил пред законот да одговара“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img