More

    Драматично на Исланд: Лава се издигнува и до 80 метри височина, загрозувајќи го патот до познатата „Сина лагуна“

    spot_img

    Вулкан во југозападен Исланд денеска еруптираше по втор пат оваа година, исфрлајќи лава висока до 80 метри.

    Тоа е шеста вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година. Блискиот геотермален спа центар Blue Lagoon денеска беше затворен поради ерупцијата, јави Ројтерс.

    Исландскиот геофизичар Ари Траусти Гудмундсон за британската агенција изјавил дека денешната ерупција веројатно нема да претставува директна закана за рибарскиот град Гриндавик, но дека може да претставува закана за патот до тој град, електраната, па дури и за Сината лагуна.

    Меѓународниот аеродром Кефлавик во Рејкјавик е отворен и работи нормално, соопшти аеродромскиот оператор.

    Претходната ерупција во областа започна на 14 јануари и траеше околу два дена, а лавата стигна до работ на рибарскиот град Гриндавик, чии речиси 4.000 жители веќе беа евакуирани, кога три куќи се запалија.

    Во ноември, исландските власти почнаа да градат насипи за да спречат лавата да стигне до електраната и домовите. Во Исланд има повеќе од 30 активни вулкани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img