More

    Трамп: Ако Џо Бајден повторно стане претседател на САД во ноември тој може да ги вовлече САД во Трета светска војна

    spot_img

    Ако Џо Бајден повторно стане претседател на САД во ноември тој може да ги вовлече САД во Трета светска војна, смета поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Во интервју за „Фокс Њуз“ Трамп оценува дека „нашата земја е во хаос, нашите граници се отворени и несигурни, а девет месеци е долг период“.

    Дополнил дека Бајден е „неспособен и најлош претседател во историјата на САД“.

    – Тоа сите го знаат – истакнал Трамп.

    Коментирајќи го тоа што Бајден неодамна добил поддршка од синдикатите на рабтниците во автоиндустријата, Трамп порачал дека повеќе нема да има работници во автоиндустријата во САД, бидејќи „сето тоа ќе замине во Кина и во други земји“.

    – Мораме тоа да го направиме – изјавил Трамп.

    Поранешниот американски претседател предупредил и на развојот на вештачката интелегенција, велејќи дека тоа е нешто „застрашувачко“.

    – Пред некој ден видов како направиле лажна снимка на која јас зборувам за некој развод. Не можете да препознаете никаква разлика. Мора нешто да се стори во врска со тоа, и тоа брзо – порачал Трамп.

    Тој предупредил дека технологијата на вештачката интелегенција би можела да биде злоупотребена на различни начини, вклучувајќи војни, и додал дека напредокот во развојот на таа технологија е „огромен проблем“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img