Денес во ООУ „Дебрца“ се одржа свечено предавање на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование на кој присуствуваше Градоначалникот Зоран Ногачески во своето обраќање на сите полуматуранти им го честита завршувањето на основното образование и им посака многу успех во понатамошното образование.
На настанот, на учениците Бисера Огненоска во име на општина Дебрца, и е доделена плакета за првенец на генерација, а на учениците Теона Лошкоска, Анабела Нелоска, Виктор Мијакоски и Христијан Ецкоски плакети за ученици на генерација, односно пофалени ученици.
На првенецот на генерација и на пофалените ученици општината доделува и парични награди.
Оваа година за првпат општината и на сите полуматуранти ќе им додели еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари.
Парични награди ќе им бидат доделени и на сите ученици кои учествуваа и остварија посебни резултати на општинските, регионалните и државните натпревари.
Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици, а посебно на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.