More

    Поради Виторија и принцот се откажал од круната

    spot_img

    Принцот Емануеле Филиберто од Савоја, принц од Италија има ќерка, 19-годишната Виторија од Савоја, на која ѝ предвидуваат блескава иднина.

    Принцот Емануел е толку многу приврзан за својата ќерка така што размислува да се откаже од титулата крал, што би значело дека оваа млада девојка би станала италијанска кралица.

     

     

    Тој смета дека таа работата би ја вршела подобро од него и дека има поголеми шанси да ја врати монархијата во Италија.

    Принцот Емануеле Филиберто од Савоја (принц од Венеција) неодамна најавил дека ќе го предаде владеењето на својата ќерка, принцезата Виторија штом таа биде подготвена за тоа.

    Виторија (19) е манекенка која во моментот студира историја на уметност и политички науки во Велика Британија. Нејзиниот татко за италијанските медиуми во повеќе наврати говорел за нејзините добри дела кои во моментот ги прави во светот и кои ќе продолжи да ги прави како кралица.

     

    „Ние сме во свет во којшто има многу промени, многу брзи промени и навистина ми се допаѓа пристапот што денес помладите генерации може да прават неизвесни работи. Не сакам да ја блокирам својата ќерка, да чека додека не остарам, можеби да ѝ одземам некои прекрасни работи кои би можела да ги направи“, изјавил принцот од Венеција, па додал:

    „Во моментот студира. Таа исто така треба да го гради својот живот и својата кариера затоа што ние не сме владејачка монархија. Таа мора да работи за да стекне пари. Сака историја на уметност, сака да отвори галерија, сака да работи со млади уметници. Кога ќе почувствувам дека е подготвена, би бил многу задоволен да направам чекор назад и да ѝ дозволам да ја преземе улогата на поглаварка на кралското семејство во Италија“.

    Виторија исто така работела и со Црвениот крст за да им помогне на Украинците да ја преминат границата со Полска кога Русија првпат ја нападна нивната земја. Пронашла и музичко училиште целосно уништено во поплавите во Италија и се погрижила да го обнови.

    Нејзиниот татко вели дека таа е подобра од него во работата со луѓето и дека ќе ја подобри земјата доколку ја преземе власта.

    Таа пораснала како „нормална“ личност затоа што тој не ја штити претерано, наместо тоа ја почитува нејзината работа и посетувањето на другите култури. Во една прилика дури изјавил дека таа се вози со метро во Лондон за да докаже дека неговата ќерка е нормална млада жена.

    Не сака да биде одгледана како принцеза, таа треба да ја знае вредноста на парите и работата и да го живее животот реално.

    Нејасно е кога точно Виторија би го презела тронот, но принцот не сака таа да остари пред да стане кралица.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img