More

    Српскиот филм „Недела“, кој го оживеа споменот на музичар Џеј Рамадановски, ја освои публиката и собра повеќе од 100.000 гледачи за само пет дена

    spot_img

    Српскиот филм „Недела“, кој го оживеа споменот на музичар Џеј Рамадановски, ја освои публиката и собра повеќе од 100.000 гледачи за само пет дена.

    По свечената премиера во Белград, која мораше да се одржи дури во пет киносали, посетеноста во сите кина низ Србија и Црна Гора секојдневно расте. За билети се чека и по неколку денови. Паралелно, животната приказна за еден од најомилените пејачи на овие простори, прикажана преку главните актери Хусеин Алијевиќ и Марко Јанкетиќ, добива само позитивни критики од стручната јавност.

    Инспириран од вистински настани, филмот е настанат по идеја на продуцентот Владан Анѓелковиќ и сценаристот Стефан Бошковиќ. Филмот „Недела“ ја прикажува раната младост на Џеј, неговиот голем успех како и духот на култната населба Дорчол во 70-те и 80-те години. Публиката има можност да го види животот на популарниот пејач од нов агол и подобро да го сфати Џеј како човек, како и тоа на кој начин случките и луѓето од младоста го обликувале неговиот животен пат.

    Режијата е на Немања Чераниќ, а актерската екипа ја сочинуваат Хусеин Алијевиќ Хуса, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Милица Јаневски, како и македонските актери Бајрам Северџан во улога на таткото на Џеј и Емра Куртишова во улога на мајката на Џеј.

    Филмот „Недела“ ќе има и своја свечена премиера во Македонија, на 26-ти јануари во киното Синеплекс, а од истиот датум продолжува со прикажувања и во кината во останатите градови во Македонија. Дистрибуцијата на ова големо филмско остварување во регионот е Арт Виста, додека пак во Македонија е дистрибуиран од страна на Константин Филм МКД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img