More

    „Сокол“ заврши со стил, победниците заработија 280.000 денари

    spot_img

    Футсалската екипа на Гостилница кај Џек е победник на 19. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал Оливер Соколов Сокол, кој се одржува во скопската населба Карпош.

    Гостилница кај Џек во финалето ја совлада екипата на Хоризонт Фокс со 5-4, дури по изведувањето на пеналите, зашто по регуларните 50 минути и по продолженијата од двапати по пет минути немаше погодоци.

    Победниците со триумфот заработија 280.000 денари, а поразената екипа двојно помалку. И во двете екипи настапија неколку поранешни и сегашни прволигашки фудбалери и футсалци.

    Тоа што го карактеризираше овој турнир кој е еден од најпопуларните во Македонија, е огромното присуство на публика во сите денови од одржувањето, финалето го следеа неколку илјади навивачи, бројка со која не може да се пофалат половина од македонските прволигаши, пренесе порталот Спорт1.

    Полуфиналните средби како и финалето одеа на специјален видеострим кој се пренесуваше на Јутјуб, преносите се вршеа со неколку камери, но и со дрон, кој спектакуларно ја прикажуваше атмосферата.

    Финалето беше директно пренесувано и на националниот сервис МТВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img