More

    Османи информираше дека тие биле придружувани од косовската полиција

    spot_img

    Седумте македонски државјани, од кои едно дете, кои беа сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во Звечан каде што вчера беше извршен вооружен напад врз косовските полициски сили, се упатиле во Македонија, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Според министерот, било потребно време за туристите да бидат вратени, затоа што биле интервјуирани од косовската полиција, откако се нашле во непосредна близина на местото на конфликтот.

    „По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи вооружениот напад врз полицијата.

    Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала – Шварц. Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив“, напиша Османи на социјалните мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img