More

    Салма Хајек на модна ревија со нејзината ќерка

    spot_img

    Актерката имаше ќерка во брак со модниот милијардер Франсоа-Анри Пино, кој има уште три деца од претходната врска.

    Популарната актерка Салма Хаек важи за голем љубител на модата, па присуствуваше и на модната недела одржана во Париз. Таа беше придружувана од нејзината 15-годишна ќерка Валентина Пино, која очигледно веќе полека ги следи модните стапки на нејзината мајка, додека минатата година заедно позираа за мексиканското издание на магазинот „Вог“.

    Овој пат тие присуствуваа на претставувањето на женската колекција на Сен Лоран, придружувани од Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Валенитна. Франсоа-Анри е извршен директор на луксузната модна група Керинг, која вклучува познати брендови како Гучи, Сен Лоран и Баленсијага. Младата дама ретко се гледа на вакви настани, па фотографите беа возбудени поради нејзиното доаѓање. Тато гордо позираше во нејзино друштво.

    Валентина во оваа прилика се одлучи за младешка комбинација – избра здолниште Сен Лоран од златен материјал, со кое искомбинира мрежест топ и гордо позираше во друштво на својот татко. Носеше и чевли на платформа изработени од брусена кожа.

    Иако овој пат беше во дизајнерска комбинација, Валентина пред извесно време откри дека едноставно сака удобни фустани и спортски панталони. Во интервју за Vogue минатата година, таа навести дека сака да ги следи стапките на нејзината мајка, велејќи дека сонува за кариера како актерка и режисерка. Во слободното време Валентина се занимава со филантропска работа и често работи како волонтер во јавна кујна.

    На модната ревија присуствуваше и Матилда Пино, едно од трите деца на Франсоа-Анри Пино, која одлично се согласува со Салма. И таа со задоволство зачекори пред објективот и позира во друштво на нејзиниот татко и познатата актерка.

    Valentina Pinault

     

    Salma Hayek
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img