More

    Расте поддршката за Украина од земјите членки на НАТО

    spot_img

    Германија ќе испрати дополнителни 350 војници во Литванија како дел од операцијата на НАТО поради тензиите меѓу Русија и Украина, објави денеска германската министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт, а британскиот министер за одбрана, Бен Валас најави дека Велика Британија ќе испрати дополнителни 350 војници во Полска.

    – Германија испраќа 350 дополнителни војници во литванската борбена група – изјави Ламбрехт, додавајќи дека Германија „го зајакнува својот придонес во источното крило на НАТО и испраќа јасен сигнал до своите сојузници за нејзината решителност и им кажува дека тие можат да сметаат на Германија.

    Канцеларот Олаф Шолц вчера предупреди дека Германија е подготвена да испрати дополнителни војници во балтичките земји.

    Германија ја предводи операцијата на НАТО во Литванија, каде се распоредени 500 германски војници.

    Веста дојде во услови на зголемени стравувања дека Русија се подготвува да ја нападне Украина, додека Западот го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека натрупал повеќе од 100.000 војници на границата меѓу двете земји.

    Русија постојано ги негираше плановите за инвазија на Украина, но бараше од Запад силни безбедносни гаранции, вклучително и таква дека на Украина никогаш нема да и биде дозволено да се приклучи на НАТО.

    Шолц денеска е во Вашингтон каде за првпат ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. Тој неделава во Берлин ќе се сретне и со лидерите на балтичките земји, а следната недела ќе отпатува за Украина и Русија.

    И британскиот секретар за одбрана, Бен Валас, денеска соопшти дека Велика Британија испраќа дополнителни 350 војници, но во Полска.

    Минатата година земјата испрати 100 војници во Полска за да и помогнат да се справи со мигрантската криза на границата со Белорусија.

    – Со испраќање дополнителни 350 британски војници во Полска, ние покажуваме дека можеме да работиме заедно и во исто време да испратиме силен сигнал дека Велика Британија и Полска стојат рамо до рамо – рече Валас на прес-конференција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img