More

    Ветераните на УЧК во 2014-та ја одликувале сопругата Неџмије, дошол и синот Илир

    spot_img

    Откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со видливи емоции пееше песни за диктаторот Енвер Хоџа, сега скандалот се продлабочува, бидејќи откриени се уште подлабоки „корени“ на ДУИ со Хоџа, пишува денеска порталот Алмакос.

    Претходно на социјалните мрежи беше дистрибуирана видео снимка која ја обезбеди Алмакос на која се гледа како лидерот на ДУИ со душа и срце му пее на озлогласниот диктатор Енвер Хоџа.

    На снимката се гледа како Ахмети со цигара во рака и замислено од почеток до крај ѝ е посветен на песната, која, како што сведочи видеото, ја знае напамет и небаре му буди лични спомени.

    Во меѓувреме, интелектуалци Албанци објавија уште едно видео кое датира од 2014 година, кога Здружението на Воени Ветерани – УЧК и ДУИ ја одликувале сопругата на Енвер Хоџа, Неџмије Хоџа, инаку позната како „Црната дама“.

    Манифестацијата „Јануарски пламен“, организирана од ЗВВ-УЧК на 17 јануари 2014 година во Кичево, се одржала во чест на браќата Гервала, кои беа убиени во Германија од српската УДБ.

    Според информациите на порталот Алмакос, на овој настан учествувале и многу министри и високи функционери на ДУИ, но и синот на диктаторот Енвер Хоџа, Илир.

    До тука веста не би била скандалозна, но скандалозно е тоа што на тој настан Илир Хоџа не бил тукутака дојден, туку за да подигне благодарница од „вујкото“ на Али Ахмети во име на неговата мајка Неџмије Хоџа.

    Многу луѓе револтирани ја напуштиле манифестацијата во знак на протест кон овој срамен чин, каде што името на браќата Гервала се меша со еден диктатор, пишува порталот.

    Тука јасно се гледа дека ЗВВ-УЧК на Фазли Велиу ги застапува чувствата на неговиот внук Али Ахмети, кој и во својата книга со интервјуа отворено ја изразува својата симпатија кон комунизмот на Енвер Хоџа, пишува Алмакос.

    Церемонијата на доделување на орден за Црната вдовица ја води „вечниот” директор на албанскиот театар во Скопје, Аднан Јајага.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img