Весело и разиграно беше во соблекувалната на Барселона по освојувањето на рекордната 12.титула во ракометната Лига на шампионите.
Во драматичното финале на Ф4 турнирот во „Ланксес Арена“ во Келн, Барселона славеше против дански Алборг со 31-30 и се врати на европскиот трон.
Танцот на шампионите во соблекувалната на Барса го предводеше искусниот шпански репрезентативец Аитор Арињо, кој е еден од најтрофејните ракометари во светот со 4 титули во Лигата на шампионите освоени во изминатите 10 години.