More

    Челзи можеби е осуден на пропаст по 117 години постоење

    spot_img

    Челзи можеби е осуден на пропаст по 117 години постоење, пишуваат британските медиуми, откако еден од најбогатите луѓе во светот, милијардерот Роман Абрамович реши сепак да си ги побара назад милијардите кои во последните 19 години му ги позајмувал на клубот, а со тоа да го прекрши ветувањето дека „не сака да има корист“, пишува Нет. Според некои, ова ги открива неговите про-путиновски намери.

    Британската влада смета дека корист од овие пари ќе имаат руските банки, кои би добиле значителен дел од приходите. Но, да се потсетиме што вети Абрамович. Милијардерот, кој подлежи на западните санкции, неодамна го рече следново:

    – Нема да ги вратам парите што ги вложив. За мене ова, на крајот на краиштата, никогаш не беше за работа или пари, туку за чиста страст за играта и клубот како таков – изјави Абрамовиќ.

    А сега, сето тоа паѓа во вода. Според британскиот таблоид „Сан“, фудбалскиот клуб Челзи ја известил британската влада дека Роман Абрамович сега бара 1,6 милијарди фунти од нив, кои наводно му ги „позајмил“ на клубот преку инвестициски фонд за целосно да го врати долгот како дел од процесот на продажба на фудбалскиот клуб Челзи како таков …

    Тука збор ќе добие и британското Министерство за култура, спорт и медиуми. Всушност, има две можности како ова ќе заврши. Доколку Абрамович реши да си ги бара парите тогаш клубот не може да биде продаден во догледно време, односно ќе биде блокиран и ќе пропаѓа, можеби до затворање. Другата опција е Абрамович да си одржи ветувањето и да дозволи продажба.

    Клубот тврди дека долгот кон Абрамовиќ треба да биде исплатен преку матичната компанија на клубот „Фордстам“ како дел од приходите од продажбата на „Camberley International Investment“ со седиште во Џерси. Всушност, името на Абрамович не се појавува на ниту една финансиска листа на концернот на Каналските Острови, но се верува дека е поврзано со компанијата.

    На „Челзи“ му беше повторено дека неговата клупска лиценца за работа трае само до 31 мај и дека клубот сега, навистина, е на позајмено време и во сериозни проблеми.

    „Доколку до тој датум не помине договор прифатлив за владата – и да се осигура дека Абрамович нема да добие пари, можно е клубот да се најде во неволја за воопшто да игра во првокласниот англиски фудбал, иако нуклеарното копче не се очекува да биде притиснато“, пишуваат англиските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img