Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одржаа уште еден телефонски разговор поврзан со украинската криза.Ердоган рече дека примарна цел на Турција е да организира средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-„Претседателот Ердоган рече дека е важно страните да дејствуваат во здрав разум и да го одржат дијалогот“, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не е исклучена можноста за средба меѓу Путин и Зеленски, но посочи дека оваа средба треба да биде соодветно подготвена за да се постигнат резултати.
Според руската агенција ТАСС, Еродган изјавил дека се надева на постигнување мир.
„Претседателот Ердоган рече дека позитивната и конструктивна средба меѓу руската и украинската делегација во Истанбул влева надеж за мир“, се вели во соопштението.