Почина српскиот писател и драматург, академик Драгослав Михаиловиќ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По кратко боледување, на 93-годишна возраст во Белград, во неделата на 12 март почина српскиот писател и драматург, академик Драгослав Михаиловиќ, соопшти неговото семејство.

Михаиловиќ е еден од најзначајните српски писател, чии дела беа проникнати со многу длабок и впечатлив хуманизам и чувство за правда. Како ретко кој, тој можеше да ја раскаже приказната за еден таканаречен мал и обичен човек, зборувајќи директно преку него, со неговите зборови, на едноставен, народен јазик

Во неговиот богат авторски опус се и делата „Кога цветаа тиквите“, „Венецот на Петрија“,„Чизмаши“, „Голиот Оток “, „Црвено и сино“, „Гори Морава“, „Лов на стеници“ и други.

Кога станал полнолетен, Драгослав Михаиловиќ останал без двајцата родители, а на 19-годишна возраст бил уапсен по пријава на УДБА и испратен на Голи Оток.

– Првиот документ против мене е напишан во моето досие кога имав 18 години! Знаете ли што значи да испратите 19-годишно момче на Голи Оток? Тогаш не се ни бричев редовно. Ме уапсија главно затоа што се побунив против апсењето на двајца мои соученици. Во тоа време бев член на средношколскиот одбор на Националната младина. И мислев дека имам право да кажам дека удбашите не треба да го прават тоа – сведочел писателот.

Драгослав Михаиловиќ веројатно беше најголемиот дисидент меѓу српските писатели. Претставата според неговиот роман „Кога цветаа тиквите’ во Југословенскиот драмски театар беше забранета во 1969 година, наводно по налог на самиот Јосип Броз Тито.

По мотиви од неговиот роман „Венецот на Петрија“ во 1980 година беше снимен филм во режија на Срѓан Карановиќ. Петрија во овој филм ја играше Мирјана Карановиќ, на која тоа ѝ беше прва улога. Погледнете еден инсерт од овој култен филм:

Share This Article