More

    Челиковиќ, Стојчевски, Пандев и Андоновски меѓу добитниците

    spot_img

    Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во пресрет на 75-годишнината од основањето ги додели годишните награди на добитниците за 2021 година.

    Наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување минатата година ја доби Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда“ во издание на  „Паблишер“. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга  му припадна на Санде Стојчевски за стихозбирката „Великата лирска песна: песни за Неа“ во издание на  „Дијалог“.

    Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка му е доделена на Димитар Пандев за делото „Времето на Конески“ во издание на „Панили“.  Наградата Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби Венко Андоновски за романот за деца „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“ на издавачката куча „Паблишер“.

    Во обраќање по повод годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија, неговата  претседателка Соња Стојменска-Елзесер истакна дека ДПМ денес има околу 300 активни членови од различни генерации и со различни стилски и жанровски профилации.

    -Тие денес се исправени пред многу предизвици: какви ќе бидат патиштата на литературата во иднина? Ќе опстои ли во своите познати рамки или ќе се модифицира? Новите технологии и медиуми, новите начини на комуникација, новите животни стилови, новата нормалност… што тие ќе значат за книжевниот израз? Како ќе се вклопат писателите во процесите на книжевниот пазар… И, особено важно, како ќе се презентираат и афирмираат домашните специфики пред странската читателска публика? Сите овие и многу други прашања се поставуваат пред писателите денес – рече Стојменска-Елзесер.

    На годишнината од основањето, ДПМ има 6 нови членови – автори кои, како што информира писателската асоцијација, добиле некоја од престижните книжевни награди и веќе стекнале сериозна писателска репутација.

    Претседателството на ДПМ овојпат одлучило да направи исклучок од вообичаената практика на проширување на бројот на членови преку јавен повик на кој се пријавуваат кандидати и директно да покани за членство.

    Поканата за членство во ДПМ ја прифатија: Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Баковска, Јовица Ивановски, Снежана Младеновска-Анѓелков и Никола Маџиров.

    – Се радуваме и го поздравуваме нивното зачленување во ДПМ и очекуваме нивната понатамошна активност да внесе дополнителен квалитет и креативна разнообразност –  соопшти ДПМ.

    На 13 февруари 1947 година Друштвото на писателите на Македонија го основале: Блаже Конески, Димитар Митрев, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ристо Крле, Иван Точко, Венко Марковски, Владо Малески, Ацо Шопов и Коле Чашуле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img