More

    Петличковски: Досега во земјава има шестмина починати од коронавирусот кои биле вакцинирани со три дози

    spot_img

    Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски, вечерва во гостувањето на Сител информираше дека досега во земјава има шестмина починати од коронавирусот кои биле вакцинирани со три дози.

    – Според извештаите, во јануари оваа година, шестмина вакцинирани со три дози починале, од кои најмладиот е 48-годишен пациент. Четворица од овие шестима имале коморбидитети како карцином, дијабетес и нарушено здравје – истакна д-р Петличковски.

    Според него, постојат повеќе причини зошто имаме висок број на починати од почетокот на пандемијата, а меѓу нив се влошеното здравје, недоволниот опфат на имунизацијата, недостатокот на медицински лица…

    – Сакам да упатам апел до лекарите да не даваат антибиотици на заболените во првите четири дена со инфекцијата – рече Петличковски.

    Тој посочи дека клиничар доктор треба да процени кога и дали има потреба од тестирање и проверка на крвна слика.

    – Се тестира и кога треба и кога не треба. Треба да се направат индикации кога треба да се анализираат д-димери – додаде Петличковски.

    Петседателот на Комисијата за заразни болести најави дека од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава. Тоа, истакна тој, ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата.

    Едно вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни односно имаме некаков имунитет.

    – Тоа истражување го правевме пред една година. Сега тестирањето ќе го почнеме од понеделник и ако не собереме доволен број испитаници ќе го продолжиме и за следната недела. Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година после првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет – рече Петличковски.

    Докторот додаде дека тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но најави дека има можност и да се прошири во целата земја.

    – Ова го планираме за Град Скопје, но има можност, денеска разговарав со министерот за здравство, да го прошириме и на Македонија за да добиеме пореални податоци за имунизацијата во овој момент. Точно пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока – рече претседателот на Комисијата.

    Со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нагласи Петличковски, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ на каде се движиме, а тоа, нагласи, ни е неопходно за да може да ги планираме следните мерки како Комисија и како држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img