More

    Почина нобеловецот Лик Монтање

    spot_img

    Францускиот виролог Лик Монтање, кој во 2008 година ја доби Нобеловата награда за истражување на вирусот ХИВ, почина денеска во Париз.

    Монтање ја доби Нобеловата награда за медицина за откривање на вирусот ХИВ со група научници, а за време на пандемијата на коронавирусот беше отворен противник на вакцините и тврдеше дека ковид-19 е создаден во кинеска лабораторија.

    За време на својата кариера бил директор на Светската фондација за истражување и превенција на СИДА во Париз.

    Во годините пред почетокот на епидемијата на СИДА, тој направи значајни откритија за природата на вирусите и придонесе да се сфати како тие можат да ги променат генетските информации на организмите домаќини.

    Неговото истражување за интерферон го отвори патот за откривање на фармацевтски лекови за вирусни болести.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img