Денеска времето ќе биде облачно и ветровито. Утрото студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Од недела под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со опаѓање на температурата на воздухот. Ќе има повремени врнежи, кои заради заладувањето во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.
Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени -7 степени Целзиусови, додека најтопло е во Гевгелија со шест степени. Според УХМР, до 8:30 часот -3 степени се измерени во Попова Шапка, Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип и Демир Капија, -1 во Крушево, нула во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Виница и Дебар, а 5 степени во Дојран.
Денеска е сабота, 26 ноември 2022 година, 330-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 35 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа 28 минути.
Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее 9 часот и 37 минути, а ќе зајде во 18 часот и 15 минути.