More

    Шест милиони Украинци останале без вода, струа и топлина најмалку 20 до 30 часови по масовните руски грантирања

    spot_img

    Шест милиони Украинци останале без вода, струа и топлина најмалку 20 до 30 часови по масовните руски грантирања, пишува Би-Би-Си. Вината за ова за прв пат претседателот Володимир Зеленски ја префрли кај Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, кој е меѓу најпогодените области. Зеленски истакна дека локалните власти не направиле доволно, иако во земјата беа отворени т.н. „топли центри“ каде луѓето заедно се грееја и имаа вода, интернет и телефон.

    – За жал, локалните власти не завршија добро во сите градови. Во Киев имаше особено многу поплаки. Најблаго кажано, треба да се работи повеќе – рече Зеленски во своето ноќно обраќање.

    Тој ги критикуваше и оние кои, како што рече, лажеле во официјалните извештаи, но не прецизираше на што конкретно мисли. Досега се отворени повеќе од 4.000 центри. Ова се необични изјави бидејќи од почетокот на војната, Зеленски се обидуваше да остави впечаток на национално единство и обично имаше пофалби за другите функционери.

    Сепак, Зеленски е оптимист дека Украинците ќе издржат. Слично како неговата сопруга Олена која за Би-Би-Си изјави дека вака можат да тераат уште две до три зими ако имаат надеж за победа и за влез во ЕУ, Зелеснки на Телеграм го напиша следното:

    „Украинците поминаа низ многу страшни работи. И покрај сè, тие ја задржаа способноста за непослушност и љубовта кон слободата. Некогаш сакаа да нè уништат со глад, сега со темнина и студ“, напиша Зеленски со видеото. Не можеме да бидеме скршени. Нашиот оган нема да изгасне. Повторно ќе ја победиме смртта“, заклучува тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img