More

    Најмалку пет лица загинаа, а меѓу нив и едно дете во силното ракетирање на Киев

    spot_img

    Најмалку пет лица загинаа, а меѓу нив и едно дете во силното ракетирање на Киев кое се случи утринава во 10 и 30 часот по локално време. Непосредно пред експлозиите се огласија сирените за предупредување во градот. Американската амбасадорка Бриџит Бринк изјави дека Русија користела суперсонични ракети, јавува Ројтерс.

    – Во последните пет дена Русија истрела стотици проектили и беспилотни летала врз суверена земја -рече амбасадорката. 

    Оштетена е станбена зграда во Печерск. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат сирени и експлозии додека децата од училиште трчаат кон прифатилиштето. Остатоци од проектилот паднале и врз областите Соломјански, Холосијвски и Днипро.

    Извори од Службата за безбедност на Украина (СБУ) потврдија за „Киев пост“ дека од Крим биле истрелани две балистички ракети и дека нивна цел било седиштето на СБУ во Киев, токму денес кога се одбележува Денот на СБУ.

     

     

     

     

    Неколку домашни и странски новинари, меѓу кои и Ројтерс, известуваа за експлозиите во главниот град на Украина.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили употребиле 700 бомби и 190 проектили за една недела. Нападите врз инфраструктурните објекти на западот на Украина продолжија, а во нападот во неделата беше уништена термоцентралата во Харков.

    Русија драматично ги засили своите ракетни напади врз Украина во последните денови.

    Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко потоа објави дека три лица се повредени во денешниот руски ракетен напад врз Киев. Меѓу нив има две жени, на кои им била укажана прва помош на лице место, како и 16-годишно девојче, кое било хоспитализирано.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img