More

    Партијата на Курто Дудуш во коалиција со ДУИ

    spot_img

    Унијата на Ромите, партијата на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, се приклучува кон Европскиот фронт на ДУИ за престојните избори, објави Телевизијата Клан Македонија.

    Според информациите на Клан Македонија, тие се договориле Дудуш да се приклучи кон Европскиот фронт.

    – Јас да бев Албанец никогаш не би го заменил Али Ахмети за некој друг. Нема потреба да има друга опција односно опозицијата освен ДУИ и Али Ахмети – изјавил Дудуш за ТВ21.

    Тој додаде дека Али Ахмети го почитува како човек, идеолог и потврдува дека најсериозна е понудата на ДУИ за заеднички настап на изборите.

    Досега партијата Народно движење предводена од Скендер Реџепи Зејд потпиша коалициски договор со ДУИ и Али Ахмети, а денеска на Европскиот фронт официјално се очекува да му се приклучат и ДПА на Мендух Тачи и Европската демократска партија, предводена од Аријанит Хоџа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img