Денеска (26.06.2024) во 02.50 часот во Скопје, на патот кон местото Марково крувче, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(28) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (26.06.2024) во 00.20 часот во Скопје, во близина на Марково крувче, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од малолетник од Скопје поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.06.2024 во 11.30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата полициски службеници ги привеле К.М.(33) и К.М.(32), двајцата од Р.Грција поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тие биле предадени на полициски службеници при СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 25.06.2024 во 13.15 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го привеле Е.М.(40) од Холандија поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверка констатирано било дека патната исправа што ја дал на увид била фалсификувана. Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка.
На 25.06.2024 во 08.20 часот во Полициската станица Кисела Вода Е.Б.(53) од Скопје, пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 25.06.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Аеродром Ж.Р.(40) од Скопје пријавил дека во с.Долно Лисиче,скопско неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 25.06.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Аеродром В.Б.(39) од Прилеп, пријавил дека на кејот на реката Вардар, бил каснат од куче скитник.
Полициски службеници од ЕВР Карпош на 24.06.2024 во 15.30 часот во Скопје го лишиле од слобода Л.А.(31) од Скопје поради тоа што истиот ден на подрачјето на Карпош, со употреба на физичка сила, од 64- годишна скопјанка одзел златно ланче што го носела на себе. Од страна на ЕВР Карпош поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум мерки за некористење на сигурносен појас…
На 25.06.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М. (29) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдено кокаин, дигитална вага и пари. Д.М. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.06.2024 во 10.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија. При извршен претрес со наредба од Основен суд Штип во домот во Штип каде престојувал М.А. и каде била затекната Ќ.А., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела грутчеста материја и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 25.06.2024 во 22.25 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Н.Ц.(24) од Радовиш, поради тоа што управувал патничко возило со фалсификувана возачка дозвола, а при прегледот од страна на полициски службеници од СВР Велес кај него била пронајдена и одземена и марихуана. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 25.06.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово ја лишиле од слобода Џ.С. (22) од полошко Ново Село. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Џ.С. е приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.06.2024 во Скопје од страна на полициски службеници од ОКР Кисела Вода бил лишен од слобода М.С. (26) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по судска наредба, за затворска казна. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено- поправна установа.