More

    Објавена е снимка на подводниот дрон „Manta Ray“ на Гугл ерт

    spot_img

    Сателитска снимка на Гугл ерт  (Google Earth) од подводниот дрон на американската морнарица „Manta Ray“ кој служи за откривање на подводни закани стана вирална на социјалните мрежи, бидејќи до неодамна беше најстрого чувана тајна на американската армија.

    Дронот е снимен во американското воено пристаниште Хунеме во Калифорнија.

    Футуристичкиот подводен дрон е дизајниран така што може да се движи низ океанот без човечко надзор и потреба од полнење гориво. Има способност и да хибернира на морското дно, пишува британски Дејли Мејл.

     

    Корпорацијата „Northrop Group“ која го дизајнираше исто така објави дека Manta Ray може да се расклопува и транспортира во стандардни транспортни контејнери. Ова воено возило е прво во новата класа на подводни возила со долг дострел што може да извршува мисии без човечка интервенција.

     

    До неодамна, дизајнот на подводниот дрон се чуваше како врвна тајна. Но, штом беше потопен во океанот за тестирање e снимен на Гугл ерт од корисниците на социјалните мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img