На 16.04.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(37) од село Оризаре, липковско. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од осум години и четири месеци за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ по член 292, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 и „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.
На 17.04.2023 во 23.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.В.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 17.04.2023 во 16.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 17.04.2023 во 14.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (17.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 244 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 99 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 145 надвор од населено место.
На 17.04.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и ул.„Вашингтонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А.У.(55) од Скопје и мотоцикл „априлија“, управуван од 17-годишник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 17.04.2023 во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(62) од с.Студеничани, скопско и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од A.А.(25) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.