More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 27.09. 2023

    spot_img

    На 26.09.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Н.Т.(22) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

    На 26.09.2023 во 11.45 часот во Валандово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово го лишиле од слобода В.З.(48) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, два детекторa за метал и семки од растението канабис. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 26.09.2023 во с.Дебреште, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.И.(53) од с.Дебреште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7.65 мм, рамка за пиштол калибар 7.65 мм и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 26.09.2023 во 15.45 часот во с.Сенокос, гостиварско, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 42-годишниот Х.Х. од село Сенокос за издржување затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

    На 26.09.2023, по преземени мерки и по распишана телеграма, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар лишиле од слобода еден малолетник од Скопје и еден малолетник од Струмица, сместен во установа за згрижување деца во Козле. Тие се сомничат дека во периодот од 04.09. до 26.09.2023 извршиле неколку кривични дела „тешка кражба“ на подрачје на Карпош. Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници признале три кривични дела, и тоа на 04.09.2023 на ул.„Никола Парапунов“ извршиле тешка кражба во правен субјект, на 26.09.2023 извршиле тешка кражба во пекарница, а одзеле и два велосипеда, сопственост на едно лице. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ЕВР Карпош ќе поднесе соодветна пријава.

    По преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје. Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор.

    Полициски службеници на СВР Тетово вчера (26.09.2023) целосно расчистиле пет кражби извршени во текот на овој месец, а за кои е осомничен малолетник од тетовско Селце. Кај него биле пронајдени и од негов роднина одземени четири велосипеди и еден електричен тротинет, кои им биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 26.09.2023 во 19.35 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром го лишиле од слобода М.К.(21) од Струмица, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (26.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за користење на мобилен телефон при управување возило, 28 мерки за прекршоци што ги прават пешаците…

    На 26.09.2023 во периодот од 11.00 до 16.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа контрола на автобуси, комбиња и патнички возила кои учествуваат во превозот на патници на тетовско-гостиварското подрачје. При контролата биле откриени и санкционирани 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) возила, односно комбиња кои вршеле јавен превоз без потребните документи и на возачите им биле изготвени поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик. Санкционирани, исто така, биле и уште 2 возила, едното (ГВ) со неисправни сопирачки и второто (ГВ) кое било без извршен технички преглед, како и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-3).

    На 26.09.2023 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Паровиќ“ и ул.„Никола Милошевски“ во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот А.А.(84) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 26.09.2023 во 01.10 часот во СВР Скопје, З.Н.(58) од Скопје пријавил дека во Маџир Маало бил каснат од куче скитник.

    На 26.09.2023 во 17.15 часот во Полициската станица Гази Баба, С.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Разлошка“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img