More

    Одделот за воздухопловни единици денеска реализираше успешен транспорт на македонски државјанин од Унгарија во Македонија за да му се овозможи навремена медицинска нега

    spot_img

    Одделот за воздухопловни единици денеска реализираше успешен транспорт на македонски државјанин од Унгарија во Македонија за да му се овозможи навремена медицинска нега.

    „Имено, имајќи ја предвид потребата да биде брзо пренесен во својата земја поради влошена здравствена состојба за време на неговиот престој во Унгарија, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), македонскиот државјанин е преземен со полицискиот хеликоптер „бел“ 412, во содејство со претставници од Министерството за здравство и медицински тим од Градската општа болница „8 Септември“ и донесен во Скопје за понатамошна подолготрајна здравствена нега“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

    Од Центарот за управување со кризи информираат дека на 11 април добиле барање за транспорт на македонскиот државјанин кој бил професионален возач и во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во индуцирана вештачка кома во Унгарија.

    „Во телефонскиот контакт со ќерката на болното лице, беше добиена информација дека таа стапила во контакт со надлежните медицински установи во Македонија, од каде што ѝ посочиле дека е потребен безбеден транспорт и интензивна подолготрајна нега. Притоа, на барањето е одговорено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска“, истакнуваат од ЦУК.

    Ова е дел од активностите при што државните водухопловни ресурси, во случајот полициските хеликоптери, со мали модификации и опремување со специфична опрема, се употребуваат повеќенаменски, односно освен за гасење пожари, сега се употребуваат и за медицински транспорт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img