Мајката на починатиот јутјубер го критикуваше Вучиќ на Пинк, и ја исклучија „бубачката“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кога Наташа Ѓукиќ почна да го критикува српскиот претседател, водителката Јована Јеремиќ ја прекина и на крајот ја смени темата.

Наташа Ѓукиќ, мајка на починатата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ, гостуваше во утринската програма на ТВ Пинк кај водителката Јована Јеремиќ. Се беше во ред додека Наташа Ѓукиќ не го спомна претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Нова.рс.

Во бизарна програма која наликуваше на театар на вештачки солзи, пренесува порталот, водителката зборувала за тоа дека сочувствувала со мајката на починатиот Јутјубер. Јеремиќ во еден момент ја замоли Наташа да и објасни што се случило и како дошло до смртта на Кика.

Ѓукиќ во еден момент почна да го критикува тамошното обвинителство, но и претседателот на Србија.

„Срам да ви е претседателе“, рече таа.

Share This Article