Мајка на момче со српско потекло, киднапирано од Хамас моли за помош

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повеќе од 50 заложници киднапирани од Хамас за време на нападот на 7 октомври беа ослободени во претходните четири дена за време на прекинот на огнот, но Алон Охел, 22-годишно момче кое има израелско и српско државјанство, не беше меѓу нив.
Неговата мајка Идит за „Блиц“ изјави дека верува дека тој е жив и дека израелската влада и српската амбасада во Израел работат на неговото враќање.
Сепак, таа засега не знае ништо за неговата судбина.

– Не, немам никакви информации. Во моментов ништо не знам, но мислам дека властите прават се за да ги ослободат заробениците – вели за „Блиц“ Идит Охел, мајката на киднапираниот Алон Охел (22).

Мајката на киднапираното момче истакнува дека и покрај се, не губи надеж дека нејзиниот син ќе се врати жив и здрав.

– Не знам кога ќе биде следната размена на заложници, и кој ќе биде таму. Не знам дали мојот син е на оваа листа или дали ќе биде на некоја идна листа, но сигурна сум дека луѓето кои можат да му помогнат на мојот син да се врати и да дознаам нешто за него – ќе помогнат – изјави Идит Охел.
Како што рече, никој ништо не и кажува и сега сè што и преостанува се нејзините напори светот да слушне за нејзиниот син и молбите луѓето да и помогнат.

За таа цел таа објави и видео во кое конкретно ги повикува мајките да и дадат поддршка. Како што вели Идит Охел, очекува од Израел да ги добие сите информации за нејзиниот син, бидејќи моментално престојува и живее во оваа земја.

– Јас не сум политичар, туку обичен граѓанин, мајка која се надева дека повторно ќе го види своето родено дете. Не знам каде е и како е, но се надевам дека е жив. Последен пат жив го видов пред фестивалот и на видеото каде го земаат како заложник. Јас едноставно, во коски чувствувам дека е жив. Му верувам на тој мајчински инстинкт кој ми кажува дека е жив и здрав, иако веќе 52 дена никој ништо не ми кажал за него – вели Идит Охел.

Израелската армија претходно потврди дека Охел бил одведен како заложник во Газа.

Братот на Охел, Ронен, кој е исто така музичар како неговиот брат, се обрати до џез-музичарот Авишаи Коен, барајќи да ја сними неговата песна „Шуви Елеј“, (Врати се кај мене), знаејќи како музиката ги поврзува како браќа. Коен дојде во семејната куќа и ја сними песната со семејството и пријателите на Охел.

Share This Article