More

    Кремљ се потсмева со Украинците

    spot_img

    Украинците подобро да ги навијат своите аларми, па сами да се уверат во окупацијата, која требаше да биде денеска во 3 часот наутро, подбивајќи се изјавил првиот човек на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинската агенција РИА Новости. Песков призна дека самиот претседател Владимир Путин понекогаш на шега го прашува, дали точното време на „окупацијата“ е објавено во западните медиуми, пишува РусијаДенес.

    – Подобро е за нив да си постават аларми за овој пат и самите да се уверат – рече Песков кратко по полноќ, на прашањето дали Украинците можат мирно да спијат.

    Песков додаде и дека Украинците кои веруваат дека такви работи се добредојдени да останат будни. Дека окупација нема да има, овојпат, сигурен е и шефот на партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Дејвид Арахамија. Тој за украинската национална телевизија изјави дека е „99,9 отсто уверен дека ништо нема да се случи“ денеска, на 16 февруари.

    Коментирајќи ја непостоечката „инвазија“, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, вчера рече дека 15 февруари 2022 година „ќе влезе во историјата како ден кога пропадна западната воена пропаганда“, додавајќи дека Западот е „засрамен и уништен без да биде испукан ниту еден истрел“.

    Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека заедничките вежби во Белорусија завршиле според планираното и прикажаа видеоснимки од тенкови и друга опрема како се враќаат во Русија. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу наместо на фронтот, отиде во Сирија, во обиколка на руските трупи во Хмеимим, воздухопловната база што се користи за борба против Исламска држава (ИД, порано ИСИС) и други терористи од 2015 година.

    Во Вашингтон, пак, американскиот претседател Џо Бајден одржа кратко обраќање во Белата куќа за Украина. Велејќи дека сè уште е можна окупација, тој призна дека некои руски војници се повлекле од границата. Бајден потврди и дека САД ги повикале своите граѓани да ја напуштат Украина и „привремено“ ја преместиле својата амбасада од Киев во западниот град Лавов, а потоа продолжи да зборува за единството и решителноста на НАТО-сојузниците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img