More

    Контроли на возила кои вршат јавен превоз на деца

    spot_img

    Изминатата недела (03/04.02.2022) започна уште една Оперативна акција, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.

    Притоа биле исконтролирани 719 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 212 локации, при што биле констатирани 44 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација, и 121 прекршок кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и сл.

    Од сообраќај биле исклучени 34 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 835 полнолетни средношколци, а извршени се 4.386 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик.

    По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img