More

    Цар Борис потпишувал расни закони изгласани од Собранието

    spot_img

    Голем број на реакции се појавија во македонската јавност, откако копретседателот на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, проф. д-р Драги Ѓоргиев, изјави дека бугарската држава за време на Втората светска војна не можеме да ја окарактеризираме како фашистичка.

    Мислење побаравме од еминентниот македонски историчар Тодор Чепреганов, кој ни потврди дека постојат недвосмислени историски докази за фашистичкото, но и нацистичкото минато на Бугарија.

    – Самите бугарски научни работници објавиле томови документи во кои се говори за расчистување со фашизмот по војната и тоа од политичкиот врв па надолу, а не како што тврди академик Ѓоргиев дека тоа биле „профашистички“ организации. Самиот политички врв: цар Борис, председателот на владата Богдан Филов, министерот за внатрешни работи и народно здравје Петар Габровски стојат на врвот на таа наци-фашизирана држава – вели Чепреганов во изјавата за Плусинфо.

    Тој додава дека во Бугарија во тоа време биле носени и антирасни закони, по примерот на Германија од ерата на нацизмот .

    – Законот за заштита на нацијата потпишан од царот Борис, го усвои Собранието и еден цел народ, еврејскиот, беше ставен надвор од било кој закон. Секој можеше да се изживува со нив, немаа никакви човекови права. Тоа го направи политичкиот врв на Бугарија. И тоа беше дело на нацисти. Под директива на фашизираниот политички врв се одвива целокупниот општествено политички живот во Бугарија во текот на Втората светска војна. Тука амнестија нема. За тоа што го направија како наци-фашисти треба да се извинат – додава Чепреганов.

    Тој му постави прашање на Ѓоргиев за статусот на НОБ на македонскиот народ за време на окупацијата.

    – Ако немало фашизам како што вели Ѓоргиев, тогаш тоа ја негира и антифашистичката војна и на македонскиот и на бугарскиот народ. Ако немало фашизам значи немало ниту антифашизам. Немаме анти-профашистичка војна имаме антифашистичка војна – додава тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img