„Драг свету, дали овој доказ ви е доволен?“
Вака стои во видео-објавата на Израелските одбранбени сили (ИДФ) на мрежата Икс. На снимката портпаролот на ИДФ Даниел Хагари чекори низ, како што се тврди, тунелниот систем под болницата Ал-Шифа во Газа. Според ИДФ, постојат дополнителни влезови во подземните простории и засолништа на командниот центар на групата Хамас.
Пред неколку дена ИДФ објави видео од тунел долг 55, а длабок 10 метри кој завршува со запечатена бетонска врата отпорна на експлозии и тврдеше дека зад вратата има климатизирана просторија.
Според ИДФ, Хамас ги користи болничките згради за да обезбеди вода и струја и да складира оружје.
Хамас ги негираше овие наводи.