Напад со нож во психијатриски центар во близина на Копенхаген, едно лице загина
Едно лице загина, а две се повредени во напад со нож во психијатриски центар западно од Копенхаген, соопшти во петокот вечерта данската полиција.
Станува збор за тројца вработени во болничкиот центар, а еден од повредените се уште е на лекување.
Полицијата засега не открива кои се жртвите, ниту кој е сторител на злосторството во предградието на Копенхаген Глоструп.
Соопштено е само дека во врска со нападот е уапсено 41-годишно лице.
Не е познато ниту што довело до инцидентот.