More

    Вкупно 18 компании кои се обврзани да го платат солидарниот данок досега не го сториле тоа

    spot_img

    Вкупно 18 компании кои се обврзани да го платат солидарниот данок досега не го сториле тоа. Една компанија од нив делумно ги уплатила парите. Дополнително, 5 компании побарале данокот да го уплатат на рати,.

    Вкупниот долг по основ данок на солидарност досега изнесува 638.289.966 денари (10,2 милиона евра), покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

    УЈП соопшти дека сите компании кои не го платите данокот се опоменати. Рокот на опомените истекува утре, кога ќе биде почната присилна наплата и блокада на нивните сметки.

    Но, која е фактичката состојба? Зошто овие компании не го уплаќаат данок и зошто дел од нив бараат да го платат на рати?

    Проблемот е во тоа што дел од компаниите во моментов немаат пари за тековните трошоци, во кои спаѓа и уплатата на даноците, бидејќи ги вложиле за други намени, но има и такви кои чекаат на одлуката на Уставниот суд, велат бизнисмени и економисти.

    – Проблемот е едноставен: овој данок се однесува на работењето на компаниите во 2022 година, а данокот треба да се плати годинава. Поради задоцнетото донесување на Законот за солидарен данок, дел од компаниите веќе ги вложиле парите во инвестиции и други потреби и сега немаат пари за покривање на тековните трошоци, од кои се плаќаат даноците. Но, тоа не значи дека овие компании станале неликвидни или дека не остваруваат приходи. Затоа дел од нив побарале да го платат данокот на рати или успеале делумно да го уплатат. Односно прво да обезбедат средства за таа намена, па потоа да го уплатат данокот – вели бизнисменот Ангел Димитров.

    Според него, има и такви компании кои калкулирале со плаќањето на данокот и сега се опоменати поради тоа.

    – Секако дека има и такви компании кои сметаат дека иницијативата на на стопанските комори до Уставниот суд  за поништување на данокот на солидарност ќе помине брзо. Сега ќе треба да го платат данокот, или да бидат казнети – додава тој.

    И економистот и поранешен пратеник Маријанчо Николов се согласува дека компаниите имаат проблем да го платат данокот, бидејќи законот е донесен годинава со ретроактивно важење.

    – Во однос на финансискиот дел, некои од компаниите немаат пари за тековно намирување на трошоците и им треба време да ги обезбедат за да го платат данокот. Можеби ќе треба и да позајмат од банките, бидејќи парите кои ги оствариле како доход веќе ги инвестирале, без да го планираат и овој данок. Во правниот дел, доколку одлуката на Уставниот суд за иницијативата за поништување на законот, поради ретроактивноста, дојде подоцна и законот остане во сила, овие компании пак ќе треба да го платат данокот и повторно ќе им се јави истиот проблем на обезбедување пари за да го намират и дополнително да платат казнени камати. Затоа е добро Уставниот суд побрзо да се изјасни за овој закон – вели Николов.

    Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, вчера изјави дека додека не биде донесена одлуката на Судот, Законот за солидарен данок е на сила и компаниите треба да го платат данокот. Таа рече дека има повеќе иницијативи за законот и тие се работат.

    – Тоа е и уставна должност на секој граѓанин. Тие треба да го платат овој данок, доколку Уставниот суд одлучи поинаку, тогаш ќе дискутираме кои се следните чекори на тие фирми. И битно е дали Уставниот суд би го укинал тој закон или би го поништил. Не би можела да ви кажам што би се случувало, додека судот не се произнесе конечно – рече Кацарска.

    Од укинувањето или од поништувањето на законот ќе зависи дали државата ќе треба да им ги врати парите на компаниите кои го уплатиле износот на солидарниот данок.

    Согласно Законот за данок за солидарност, обврзник на данокот за солидарност е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 10 милиони евра.

    Компаниите можат да го одложат плаќањето на даночниот долг под одредени услови и со плаќање на камата за периодот за кој се одлага.

    УЈП може да го одложи плаќањето на долгот за данок преку неспроведување (прекинување или незапочнување) на постапка за присилна наплата на долгот и исплата на долгот во најмногу 36 еднакви месечни рати, или еднократно одлагање на плаќањето на даночниот долг најмногу до 6 месеци.

    Како причини за одлагање на долгот се смета ако извршувањето на даночните обврски би го нарушило деловно работење на компанијата, или кога даночните обврски претставува значително оптоварување и/или со плаќањето на обврзникот му се нанесува битна штета.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img