More

    Снег, дожд и поплави најавуваат британските метеоролози

    spot_img

    Додека снег падна во Хрватска и во западна Србија, метеоролозите во Велика Британија најавуваат „Арктичка експлозија“ во Европа која освен снег може да донесе и дождови и поплави. Се прогнозира дека ноќта меѓу петок и сабота во Шкотска се прогнозира дека температурите ќе се спуштат до минус шест степени, објави Телеграф.

    – Доаѓа „Арктичката експлозија“. Пороен дожд и невреме се можни во северните региони, додека остатокот од земјата и Велс треба да останат суви – најави Ајдан Мек Гиверн од Бирото за метеорологија.

     

     

    Крис Ингланд, продуцент за временска прогноза за Скај Њуз, вели дека арктичкиот воздух ќе се шири низ поголемиот дел од Велика Британија во текот на следните неколку дена.

    – На север и на исток ќе донесе многу силен ветер, повремен град и врнежи од снег. Подоцна во петок ќе се смири високиот притисок од запад, а во текот на ноќта ќе се развие силен мраз. Температурите претежно ќе бидат степен или два над или под нулата, но некои северни делови би можеле да забележат и неколку степени пониски – предвидува тој.

    Во исто време, Агенцијата за животна средина на Обединетото Кралство издаде бројни предупредувања за поплави меѓу кои постои можност, но не се очекуваат поплавувања во Норфолк, Сафолк и во Есекс.

    Во Хрватска, во Завижан, во 7 часот наврнале 26 сантиметри снег, јави тамошниот метеролошки завод. Од петок во Хрватска се очекуваат повремени расфрлани врнежи, а од сабота трбеба да биде постудено.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img