Холивудскиот актер Том Хенкс се бори со дијабетес тип 2 повеќе од 10 години. Славниот оскаровец во една прилика откри дека долго време се бори со високото ниво на шеќер во крвта и изјави дека за тоа придонеле неговиот начин на живот и семејната историја на дијабетес.
„Дел од тоа се моите гени, а дел е ужасниот начин на живот што го живеев. Јадев што сакав. Отидов на лекар и тој ми рече: ‘Знаеш со тој високиот шеќер во крвта со кој се бориш 36-тата година? Па, имаш дијабетес тип 2’“, рекол Хенкс во претходно интервју за „Радио тајмс“.
Хенкс рекол дека бил „целосен идиот“ кога станува збор за неговиот однос со храната.
„Јас сум дел од мрзливата американска генерација. Бев тежок. Ме гледавте во филмовите, знаете како изгледав. Бев тотален идиот. Мислев дека можам да се извлечам со тоа што ќе го извадам лепчето од чизбургерот“, признал Хенкс.
Денес се труди да вежба секој ден. „Тоа може да биде сè; лента за трчање, прошетка или планинарење со кучето, но мора да трае еден час секој ден“, истакнал актерот и опишал како лекарите му рекле дека нема да треба да зема инсулин ако се храни здраво.