More

    ВМРО ДПМНЕ: Го оштетила буџетот на Тетово за 7 милиони евра

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од  поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи за оштетување на буџетот во износ од 7 милиони евра. Таа како што вели партијата, е исто толку одговорна колку што се одговорни лицата кои добивале пари а не изработиле ништо.

    – Криминалната коалиција ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони. Толку изнесува штетата причинета не одењето на работа на 244 лица, кои биле исплаќани од буџетот на општината, иако не сработиле ништо. 7 милиони наместо за подобрување на хигиената во градот, нови водоводни и канализациони инсталации завршиле кај луѓе од списокот на Теута Арифи, ДУИ и СДСМ.Одговорност не треба да има само кај лицата кои не оделе на работа, туку пред се кај Теута Арифи, како одговорна во институцијата, која го оштетила буџетот на општината – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според , партијата, примерот од Тетово е пример како функционирала коалицијата ДУИ – СДСМ долг период наназад, која се темели на криминал и злоупотреби.

    – ДУИ и СДСМ го ограбуваат граѓаните од сите националности. Тие се сложни во криминалот на штета на народот и државата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img