More

    Трудо со специјални полициски сили ќе ги брка камионџиите од улиците на Онтарио

    spot_img

    Главниот судија на Високиот суд во Онтарио вчера нареди деблокирање на сообраќајот на копнената граница меѓу САД и Канада, што беше запрена од демонстрантите против пандемиските ограничувања.

    Судијата Џефри Моравец побара деблокирање на висечкиот мост „Амбасадор“, што го поврзува Онтарио со Детроит, во САД, и е клучен за автомобилската индустрија, но и за американските болници каде работи голем дел од канадскиот медицински персонал.

    Судската одлука стапи на сила синоќа во 19 часот по локално време, за да им се даде време на демонстрантите да ја исчистат областа.

    Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, вчера прогласи вонредна состојба поради двонеделните протести против епидемиолошките ограничувања.

    Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека полицијата и сите нивоа на власт се подготвуваат да преземат акција против камионџиите, кои со денови протестираат против мерките за ограничување на коронавирусот и прописите за вакцинација, јави ДПА.

    – Демонстрантите мора да се откажат од блокадите или да се соочат со тешки последици за какви било незаконски активности – последици кои вклучуваат можност за кривично гонење и големи финансиски казни – рече Трудо.

    Трудо додаде дека федералната влада веќе нема да ги толерира активистите кои ја „земаат економијата во заложништво и го запираат животот во главниот град на нацијата.

    Протестите почнаа кон крајот на минатиот месец со конвој од стотици камиони во главниот град Отава.

    Камионџии го блокираа мостот „Амбасадор“ меѓу Виндзор во канадската провинција Онтарио и американскиот град Детроит во државата Мичиген, како и други гранични точки.

    Петдневната блокада на мостот „Амбасадор“ ја чинеше канадската автомобилска индустрија стотици милиони долари, соопшти Здружението на производители на автоделови во поднесокот до судот на 10 февруари.

    Преку овој мост секој ден минуваат околу 40.000 луѓе и се превезува стока во вредност од 323 милиони долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img