More

    Фрлени се молотови, запалена е колата на руска раководителка

    spot_img

    Во рускиот град Владимир, непознато лице фрлило молотов коктел врз зградата на регионалната влада, а друго шише кон автомобил паркиран во близина, пренесува српски Мондо.

    Руските канали на социјалната платформа Телеграм објавиле снимка од инцидентот снимена од надзорните камери. Инцидентот не предизвикал сериозна штета, а напаѓачот бил приведен од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

    – Напаѓачот е приведен. Органите за спроведување на законот ги истражуваат околностите на инцидентот – се вели во соопштението на руските власти.

    Според официјалните извештаи, врз зградата на Владата биле фрлени најмалку 2 молотови коктела, а според очевидци, во интервал од 30 до 40 секунди се слушнале 3 до 4 експлозии. Првиот молотов коктел удрил во прозорецот на зградата, но не го скршил, туку се одбил и паднал наземи.

    Напаѓачот фрлил втор молотов коктел врз автомобил, паркиран пред зградата, кој се запалил. Локалните медиуми јавуваат дека возилото ѝ припаѓало на раководителката на Одделот за спречување корупција, Ина Дирова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img