More

    Израел ги уби тројцата синови на шефот на Хамас: „Нападот не беше договорен со Нетанјаху“

    spot_img

    Израелските сили убиле тројца синови на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во воздушен напад во Газа без да се консултираат со високи команданти или политички лидери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, објавија денеска израелските медиуми.

    Повикувајќи се на високи израелски претставници, новинската агенција Вала објави дека Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант не биле однапред информирани за нападот, кој бил координиран од израелската војска и разузнавачката служба Шин Бет.

    Тие изјавија дека Амир, Мохамад и Хазем Ханије биле мета затоа што биле борци, а не затоа што биле синови на политичкиот лидер на Хамас.

    Израелската армија не ги коментираше информациите дека се убиени и четирите внуци на Ханије. Кабинетот на премиерот и војската не беа веднаш достапни да ги коментираат извештаите на Вала.

    Можни компликации за време на преговорите
    Убиството на роднините на Ханије може да ги искомплицира преговорите насочени кон обезбедување крај на борбите во Газа во замена за ослободување на 133 израелски заложници за кои се верува дека сè уште се заробени во опколената енклава. Ханије рече дека Хамас има „јасни и конкретни“ барања да се согласи на каква било пауза во борбите.

    „Непријателот е во заблуда ако мисли дека нападите врз моите синови, за време на екот на преговорите и пред движењето да ги испрати своите одговори, ќе го принудат Хамас да ја смени својата позиција“, рече вчера Ханије.

    „Моите синови станаа маченици на патот за ослободување на Ерусалим и џамијата Ал Акса. Не ја претпочитам крвта на моите синови пред крвта на нашиот народ“, додаде тој.

    Седум месеци војна
    Војната влезе во седмиот месец, но има малку знаци за напредок во преговорите. Хамас бара прекин на израелската офанзива, повлекување на израелските сили и враќање на раселените Палестинци во нивните домови.

    Израел сака да обезбеди враќање на заложниците, но вели дека нема да стави крај на војната додека Хамас не биде уништен како воена сила и планира да го нападне јужниот град Рафах, каде што се засолниле повеќе од милион цивили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img