More

    На Бајден му се расипа споениот викенд

    spot_img

    Она што се случува со Израел може да заврши со светска војна, а Бајден не знае што прави, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп на пресконференција на Флорида. Во меѓувреме, неговиот соперник и актуелен претседател на САД Џо Бајден мораше да го прекине викендот за да разговара со својот тим за настаните на Блискиот Исток и можниот напад на Иран врз Израел.

    Додека денеска одекна веста дека Иран ја започна својата одмазда врз Израел со преземање на брод поврзан со Израел во Ормутскиот Теснец, САД стравуваат дека можен е поголем напад.

    Бајден го прекина патувањето во Делавер и ќе се врати во Вашингтон за да зборува за националната безбедност.

    – Ние сме посветени на одбраната на Израел и ќе го поддржиме. Ќе помогнеме во одбраната на Израел и Иран нема да успее – рече Бајден.

    Техеран вети дека ќе се одмазди за израелскиот напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск минатата недела, во кој беа убиен висок командант на прекуморските сили Кудс на Иранската револуционерна гарда и 6 други офицери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img