Франција не го потврдува предлогот лиферуван во медиумите за договорот Бугарија-Македонија

Saso
By Saso 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Француските дипломати во Брисел одбиваат да кажат официјално дали предлогот објавен во бугарските и македонските медиуми е автентичен, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во текот на последните неколку дена повеќе документи беа објавени во Бугарија и Северна Македонија, меѓу нив е новата преговарачка рамка, која доколку е прифатена од сите страни би била усвоена на 23 јуни на Европскиот Совет. Оваа рамка наводно ги интегрира француските предлози дадени во Софија, и за кои Скопје официјално вели дека не ги добил.

Во однос на овој наводен француски предлог, дипломатите од таа земја во Брисел велат дека не можат да ја потврдат неговата автентичност. Во другите земји членки на ЕУ – сличен молк за сега. За потсетување, новата предлог рамка, треба да биде одобрена од сите 27 земји членки и од Северна Македонија.

Политичката ситуација во Бугарија е таа што највеќе загрижува во моментов во ЕУ.

– Се води интензивна и политичка работа бидејќи ситуацијата е неправедна за Македонците. Во однос на суштината не сме далеку, но проблемот е политичката ситуација во Бугарија која е многу влошена, во ситуација сме да треба да брзаме во момент кога владата таму може да падне – вели за МИА дипломат од влијателна западна земја членка на ЕУ.

За содржината пак на предлогот кој е лиферуван во медиумите во Брисел никој не коментира и сите дипломати упатуваат кон нивните престолнини, каде ќе се носат одлуките на национално ниво дали оваа нова предлог-рамка е прифатлива.

Не се исклучува можноста сама земја членка на ЕУ да ја отфрли дури и ако Бугарија и Северна Македонија ја одобрат.

Од македонска страна исто така се повторува дека ништо од ова што циркулира не е потврдено или официјално. За разлика од Португалија која застана зад својот предлог кога беше на чело на ЕУ, Франција ниту потврдува, ниту негира дека на маса има нова идеја за надминување на спорот со Бугарија и деблокирање на ЕУ процесот.

Во меѓувреме лиферуваните документи на француското претседателство во македонската јавност, но и кај повеќемина дипломати во Брисел, предизвикаа загриженост.

- Advertisement -
Ad image

Иако во нацрт преговарачката рамка се признава македонскиот јазик без фусноти, структурата на рамката, и поточно таканаречениот Акциски План што Северна Македонија би морала да го исполни ако биде усвоен документот, отвора бројни проблеми за познавачите на ЕУ процесите.

Акциските планови, или патокази, се дел од преговарачкиот процес, но за разлика од Црна Гора или Србија, во случајот на Северна Македонија, овој Акциски План се потенцира и подробно се опишува во самата преговарачка рамка, во делот на поглавјата 23 и 24, најклучните, и најтешките поглавја за земја која преговара за членство. Па така, познавачите на процесите стравуваат дека потенцирањето на деталите од овој Акциски План ќе и даде на Бугарија дополнителна можност, и оправдување, да го кочи процесот и ги вметнува своите барања надвор од она што е предвидено во законите и повелбите на ЕУ.

Во тој поглед потенцирањето на правата на малцинствата во Акцискиот План претставува своевиден преседан во процесот на преговори, барем во поглед на формата.

- Advertisement -
Ad image

Содржински, Акцискиот План бара од Северна Македонија да обезбеди заштита на малцинствата и заедниците, преку обезбедување недискриминација, борба против говор на омраза и образование, меѓу другото. Нејасно е исто така зошто е вклучено образованието, експлицитно, токму во овој дел на рамката. Образованието е посебно поглавје, а впрочем не е ЕУ политика, туку е политика која останува целосно компетенција на земјите членки. Па така во сите преговарачки процеси токму поглавјето за образование и култура е тоа кое прво, и најлесно, се отвора и затвора.

Други дипломати пак тврдат дека и без потенцирањето на правата на малцинствата и Акцискиот План, Софија секако би успеала да го кочи процесот.

Не е можно во овој момент да се спореди со рамката за Албанија бидејќи таа не е изготвена, или барем не циркулира, но дипломатите во Брисел потсетуваат дека Тирана повеќе пати се соочи со критики за заштита на малцинствата, меѓу другото на барање на Грција, и дека не е исклучено земјите членки на ЕУ да бараат и за Албанија да биде потенциран овој дел и неговото мониторирање во рамката, но ова останува на ниво на претпоставка.

Отворено е и прашањето за промена на Уставот за да се вклучат други заедници, што е резултат на притисокот на Софија, која бара да не започнат формално преговорите за членство додека Северна Македонија не го смени Уставот и не ги додаде Бугарите.

Доколку оваа рамка биде усвоена на крајот на овој месец, Северна Македонија ќе треба многу брзо да започне со билатерален скрининг, процес кој би траел, во најоптимистичко сценарио, до средината на 2024 година. Додека не заврши билатералниот скрининг, секако не може земјата да го отвори првото поглавје, односно кластер. Од Северна Македонија најверојатно би се барало за време на тој период на скрининг да го смени Уставот.

Билатералниот скрининг е темелен процес во кој ЕУ од една страна и Северна Македонија од друга го анализираат законодавството на ЕУ заедно, и двете страни си поставуваат прашања, ЕУ дава насоки, сугестии, на кои Северна Македонија може да одговори доколку не се согласува или доколку од неа се бара појаснување во одредена област.

Лидерите на земјите од Западен Балкан ќе пристигнат во Брисел на 23 јуни за средба со нивните колеги од земјите членки на ЕУ. Во меѓувреме, од понеделник, се очекува интензивна дипломатска активност во сите престолнини на ЕУ и во Скопје околу предлозите што ги поднело француското претседателство. Конечниот збор го имаат сите 28 земји вклучени во процесот.

Share This Article