More

    Фон дер Лајен, Макрон, Борел, Сунак ги кажаа своите пораки

    spot_img

    Сé додека е потребно, ЕУ ќе обезбедува финансиска поддршка и муниција за Украина и ќе продолжи со обуката украинските војници, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Киев во придружба на премиерите на Белгија, Александер Де Кро, на Италија, Џорџа Мелони и на Канада, Џастин Трудо. Таа се обрати пред припадници на украинската армија:

    – Ја спасивте вашата земја и му дадовте шанса на отпорот на Украина. Само минатата недела соборивте седум борбени авиони, се вративте во Црното Море и ја продолживте трговијата. Ова се чинеше невозможно пред две години – изјави Фон дер Лајен од аеродромот „Антонов“ во Хостомел, во близина на Киев.

    Како што јави репортерот на Белга, кој е специјален известувач од Киев за мрежата ЕНР од која дел е и МИА, Фон дер Лајен потенцира дека е убедена оти Украина ќе продолжи да ги изненадува сите, како што тоа го правеше и досега.

    Посочувајќи на големиот авион од типот „Антонов“, наречен „Сон“, кој беше уништен во Хостомел пред две години, Фон дер Лајен нагласи дека можеби е уништено леталото, но не и сонот.
    Британскиот премиер Риши Сунак, по повод втората годишнина од руската инвазија на Украина, вети дека Лондон ќе стои покрај Киев „сé додека е потребно“ и дека „тиранијата никогаш нема да триумфира“.

    „На оваа мрачна годишнина, ние мора да ја обновиме нашата решителност. Ова е моментот да покажеме дека тиранијата никогаш нема да триумфира и уште еднаш да кажеме дека ќе застанеме покрај Украина денес и утре“, напиша Сунак.

    Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го предупреди својот руски колега Владимир Путин дека поддршката на Франција за Украина нема да „ослабне“ и дека „не треба да се смета на“ „заморот на Европјаните“.

    „Русија на претседателот Путин не смее да смета на никаков замор меѓу Европјаните“, предупредува француското претседателство во соопштението.

    Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по повод двегодишнината од војната во Украина, рече дека ЕУ е на страната на Киев од почетокот на конфликтот кој, како што наведе, ја промени историјата на Европа, но дека војната нема сила да ја промени географијата на Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img