Финската премиерка Сана Марин за руската инвазија врз Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Финската премиерка Сана Марин денеска пред Европскиот парламент изјави дека ЕУ е „премногу наивна“ во односот кон Русија и дека требало „повеќе да ги слуша“ Полска и балтичките земји.

– Мораме да признаеме дека усвоивме премногу наивен пристап кон Русија и ги базиравме нашите очекувања за нејзиното функционирање на погрешни основи – рече Марин во своето обраќање пред претставниците во Европскиот парламент.

– Требаше повеќе да ги слушаме нашите полски и балтички пријатели кои живееја под советска власт – рече таа.

Марин посочи дека руската политика на користење на енергијата како оружје за „уцена“ на ЕУ е „краткогледна“.

– Русија ја уништува својата економија и иднина. Ние веќе немаме доверба во Русија. Дури и да заврши војната денес, нашата доверба нема да се врати долго време – додаде таа.

Краткорочно, смета Марин, ЕУ мора да преземе „исклучителни мерки“ за намалување на цената на енергијата, додека на среден и долг рок „единствениот излез од енергетската криза е големата инвестиција во обновливи извори на енергија, заедничка транспортна мрежа и технологии за складирање“.

Share This Article