More

    Ја преживеа опсадата на Сараево, но не и приватизацијата

    spot_img

    Фабриката за тутун во Сараево е еден од индустриските гиганти во градот, а таа не престана со работа ни за време на опсадата. Во целиот тој хаос успеваше да функционира и на жителите да им обезбедува цигари, задоволство во кое одамна уживаат.

    Во Сараево како и во другите градови низ поранешна Југославија, пушењето не е само навика туку и стил на живот. Никотинот како најевтин седатив е масовно користен, а на некои им се посреќи да можат да купуваат цигари и за време на опсадата на градот во периодот од 1992 до 1995 година.

    Гранатите кои паѓаа на Сараево разрушија многу фабрики, а не беше поштедена ни фабриката за тутун. Сепак вредните работници не се откажаа, па производството го преселија под земја.
    Поради недостигот на кутии за цигарите тие ги пакуваа во листови од книги, речници, документи. Нормално над нив не се печатеа предупредувања за штетноста на цигарите, но во војната тоа беше најмал проблем.

    Во сите 142 години од основањето фабриката не престанала да работи ни во војни ни во мир. Ова ќе се смени на 31 март кога фабриката официјално се затвора.

    Еве како вредните работници на Фабриката за тутун од Сараево работеа за време на опсадата во 1992.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img